Има што да кажеме

Деноноќно да се зборува за постигнувањата на Владата, е малку во споредба со големината на сработеното, рече Лилјана Затуроска од ВМРО – ДПМНЕ. Манифестот за реформи или програмата на Владата за идниот период е многу пообемен.

 |  Билјана Николоска  | 
Zaturoska
Затуроска

Бројните постигнувања на Владата на Груески, тешко можат да се сместат во едно обраќање, смета кандидатот за претеник на ВМРО – ДПМНЕ, Лилјана Затуроска од Стуга. Таа потенцира оти се чуствува должна пред своите граѓани, да ги изнесе фактите за реализираните проекти посебно за струшкиот регион. Додава дека стружани го заслужуваат тоа од проста причина, бидејќи тие се едни од ретките кои на Црвенкоски јасно му покажаа дека е непожелен во општината.

Затуроска вели, јавноста мора да знае дека на полето на економијата се направија натчовечки напори да се амортизира економската криза која во изминатиот период го тресеше целиот свет. Тоа на Владата ја чинеше 500 милиони евра, се тоа спакувано во антикризни мерки.

Manifest VMRO-DPMNEНо и во плановите за иднина на ВМРО – ДПМНЕ, економијата има значајно место, рече Заруроска. Нема да престанат инвестициите на тоа поле, додава таа.

Затуроска изјави дека во наредниот 4 годишен период, Владата има зацртано капитални инвестиции на полето на инфраструктурата. Посебно тука го спомна автопатското поврзување помеѓу Гостивар и Охрид, со крак кон Албанија, со вкупна должина на патниот правец 128 км и вредност на проектот од околу 490 милиони евра. Затуроска за крај на стружани им  порача дека сигурноста на населението од сите аспекти на општествениот живот може да го обезбеди само ВМРО – ДПМНЕ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top