ВМРО НП: „Уништен водоводниот систем во село Свињишта“

Вандалски уништен водоводниот систем во с. Свињишта. ОИШ од ВМРО НП обвинува дека виновници за ова се активисти на ВМРО ДПМНЕ.

 |  Татјана Маленкова  | 
vmro-np
вмро-нп

Вандалски уништен водоводниот систем во с. Свињишта. ОИШ од ВМРО НП обвинува дека виновници за ова се активисти на ВМРО ДПМНЕ. Директорот на ЈП Ниско градба Владо Цветковски  вели дека МЗ која стопанисува со Водоводот ги информирала надлежните служби, кои направија записник по направената штета. Тој порачува она што е направено за добробит на населението да не се уништува.

„ Минатата недела четвртокот или петокот одредена група поединци на луѓе активисти на ВМРО ДПМНЕ го уништија каптажниот систем и дел од цевководниот систем на водоснабдителниот систем на село Свињишта. Цевководот внатре во самата каптажа беше целосно руиниран и цевките однатре беа исфрлени по околината во исто време во самиот ситем имаа фрлено огромни количини земја, кал така да постоеше опасност и за здравјето на жителите“, истакна директор на ЈП Нискоградба,Владо Цветкоски.

Цветкоски додаде дека до минатата есен жителите од Свињишта се снабдувле со вода од регионалниот водоснабдителен систем. „ЈП Ниско градба Охрид во текот на минатата есен направи изведба на нова каптажа, нов зафат на нова линија во должина од 500 метри која се поврза со постојната линија така да се овозможи квалитетно водоснабдување на селото Свињишта“, вели Цветкоски.

Директорот на ЈП Нискоградба информираше дека не е уништен само водоснабдителниот систем на с.Свишишта. Слична случка имало и во село Рамне. „Цевка од цевководниот систем над Рамне под Летница е целосно искршена, луѓето дојдоа и молеа да го санираме ситемот за да може да ги наводнуваат нивите“, вели Цветкоски.

За политичката заднина на овие настани проговори  претседателот на ОК на ВМРО НП и кандидат за пратеник – Ванчо Костоски.

„Минатата среда имавме мала трибина на која имавме голем одзив. На средбата со локалното население се собраа 90 % од населението“, додаде Костоски.

„ Очигледно некој се исплаши бидејки како што изгледа во таа коселска општина ќе бидеме партија бр. 1.неможејќи да нејдат друг начин да одговорат направија вакви екстремни работи. Ја повикувам СВР да превземе соодветни мерки бидејќи матријаната штета е над 5000 евра и СВР треба по службена должност да го гони стрителот се надевем дека ќе го отктир. но и да ја оставиме матријалната штета се работи за загрозување на животот и здравјето на населението во село Свињишта.

Досега од 1990 год па досега во новата политичка историја не е случено“, вели Костоски.

Костоски даде коментар на вчарашнита изјава на дадена во ВМРО ДПМНЕ дека членството од ВМРО НП заминува во ВМРО ДПМНЕ. „На Александар Николоски ќе му го кажам следново. „Би сакал ако е можно државната изборна комисија да ги пролонгора изборите , за да може Николоски да присобери уште неколкумина, и можеби и ќе победат.

Костоски информираше дека вчара активисти на ВМРО ДПМНЕ заедно со директорот на ЕМО шетале  од врата на врата кај вработените посебно чланови на ВМРО НП со цел да ги заплашат. „Ние не потклекнуваме на вакви притиссоци. Дел од оние кои беа спомнати дека заминале од НП во  ДПМНЕ , ми се извинија објаснувајќи дека тоа го кажале под закана“ додаде Костоски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top