Граѓаните се личности, а не само бројки на избирачките списоци

Двете најголеми политички партии не се единствената опција за македонскиот народ, велат од Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ.

 |  Крсте Голабоски  | 
podem
ПОДЕМ

podem„Гласовите за малите политички партии, не се изгубени гласови“, велат од Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ. Кандидатот за пратеник за 5-тата ИЕ од оваа партија, Горан Лекоски, укажа на се позачестените апели на двете најголеми политички партии до неопределените гласачи, да не ја даваат својата доверба на малите партии.

„Апелираме до граѓаните, да не подлегнуваат на таквите гласини, зошто тие не ги поседуваат вашите гласови. На 5-ти јуни граѓаните да гласаат по свое убедување и да покажат дека се личности, а не само бројки во избирачките списоци“, вели Лекоски.

Од ПОДЕМ со реакција и за наводното делење на локум и кафе, како и пакети со масло и брашно од двете најголеми политички партии на граѓаните. Лекоски кажа дека последните дваесет години овие две партии не донесоа на работ на сиромаштијата, па на секои 4 години им текнува на народот, па делат разни поклони, наместо да смислат како да отворат нови работни места, народот самиот да си купи што сака. Што се однесува до програмата на партијата ПОДЕМ, станува збор за програма која нуди конкретни решенија, како и конкретен излез од моменталната состојба во која се наоѓа државата, вели Наум Кутаноски, кандидат за пратеник од Струга. Кутаноски додаде дека нивната програма на терен наидува на масовно прифаќање од граѓаните.

Кутаноски потенцира дека, подобрувањето на социјалниот момент во државата е еден од приоритетите во нивната програма. Враќањето на сјајот на Струга, со доизградба на колекторскиот систем пак, исто така е еден од приоритетите на оваа програма, додава Кутаноски. Што се однесува до досегашниот тек на кампањата и политичката култура на учесниците во неа, од ПОДЕМ задоволни. Освен еден мал инцидент, со плакатирање на претходно поставен билборд со плакати од кандидатите на ПОДЕМ, кој воедно бил и решен со договор со една од големите партии, други инциденти немало.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top