Кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски и директорот на дирекцијата за заштита на културно наследство Паско Кузман контра Љубчо Георгиевски. Николовски вели се издеференцираа луѓето кои што работат и сакаат да работат и оние кои не сакаат да прават ништо. Тој додаде дека митингот кој ВМРО Народна го организира во недела во Охрид е директно финансиран од СДСМ.
Љубчо Георгиевски припаѓа на минатото вели директорот на дирекцијата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, негов некогашен верен следбеник и подржувач. Кандидатот за пратеник пак од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски вели соработката помеѓу ВМРО Народна и СДСМ е контрапродуктивна за Охрид. Тој додаде дека Владата на Република Македонија и ВМРО-ДПМНЕ припаѓаат на групата луѓе кои што сакаат да создаваат, а не да разурнуваат.
„Во овој период имаме една јасна диференцијација помеѓу луѓето кои што сакаат да работат и за жал или за среќа на едната страна имаме луѓе кои што го прават тоа а на другата страна имаме за жал луѓе кои што се сојузуваат околу една идеја да не се прави ништо и за жал гледаме дека луѓе кои што во минатото се претставувале како политички соперници во овој момент се во една тесна соработка која што за жал сдсм и вмро народна и помалите политички партии од десниот политички блок се во тесна соработка“-рече Александар Николовски-кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
Директорот на дирекцијата за заштита на културното наследство, Паско Кузман беше запрашан за неговата тесна соработка со Љубчо Георгиевски во минатото. Тој јавно проговори и за нивното разидување но и за сегашните состојби.
„Љубчо Георгиевски е дел од минатото. Точно е дека порано имавме соработка и работите кои тогаш се правеа се сметаше дека се правилни, сега ова што се прави го сметаме за правилно. Тој припаѓа на едно поминато време- вели Паско Кузман-Директор на дирекција за заштита на културното наследство
Александар Николовски кој што е еден од предлагачите на Законот за Охрид рече, дека Охрид во моментов е зафатен од урбаниот хаос, но дека неговата Влада се бори за тоа да биде променето. Тој проговори и за митингот на ВМРО-Народна кој треба да се одржи во Охрид.
„Урбаното уништување на охрид, заради тоа што ова е убавиот дел од охрид, но има и еден дел кој што се уништува во градот е резултат на коалицијата во советот која што трае веќе 6 години помеѓу СДСМ и ВМРО народна и таа коалиција на дневна основа го уништува градот со урбанистичките решенија кои што ги носи за жал овие денови слушаме и дека митингот кој што е организиран во недела е организиран од СДСМ средства кои што се покриени од таму со луѓе кои што ќе дојдат од таму за да има впечаток дека има поголема масовност.“- вели Николовски
Николовски додаде дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ дава безрезервна подршка на луѓето кои што се залагаат за враќање на културното и духовно живеење во Охрид, и му се заблагодари на директорот на дирекцијата за заштита на културното наследство, Паско Кузман за неговата соработка пред се во проектот за Светиклиментовиот универзитет.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град