„Предизвик е да се служи“

д-р Сашо Василевски нов гувернер на Лајонс клубовите Дистрикт 132 Македонија.

 |  Татјана Маленкова  | 
d-r Sasho Vasilevski
д-р Сашо Василевски

d-r Sasho Vasilevski„Chаllenge to Serve“ или „Предизвик е да се служи“ ќе биде мотото на новоизбраниот гувернер на Лајонс клубовите Дистрикт 132 Македонија, за фискалната 2011-2012 год.  д-р. Сашо Василевски, кој денеска едногласно беше избран со акламација. Василески кој во Лајонс клубот охрид е од 2007 год, поточно од формирањето на првиот лајонс клуб во внатрешноста на Р македонија, негов основач и негов прв претседател. Тој помеѓу лајонсите важи за активен и исплонителен секогаш во кабинетот на гувернери на дистрикт 132 од 2008 год. до денеска. Досега организирал и учествувал во многу реализирани и успешни проекти,меѓу кои позначајни се: Тв вестите за лица со попречен слух и говор, проект кој успешно се одвива трета година по ред на Телевизија ТВ М.  Потоа реконструкција на училници на деца со посебни потреби при ОУ Св Климент Охридски, лајонс топ 10 за избор на талентирани деца од 2009 год до денеска  и многу други проекти. Василески е секогаш активен и на меѓународна клубска и дистрикт соработка, а исто така е добитник и на неколку меѓународни награди.

nacionalna konvencija Lions kluboviНа денешната конвенција едногласно беше избран и за Прв вице гувернер на дистрикт 132 одликуван Андреја Стојковски. Тој е дел од лајанс движењето веќе 11 години. А ќе се запамети и по основањето на првиот ЛЕО клуб во државава , лео клубот од Скопје. Стојовски е оснивач и на други лајонс клубови како во македонија така и во Нови Сад, а за неговата работа и посветеност лајо Андреја Стојковски бил одликуван со international leadership medal во 2009 год од меѓународниот претседател Ал Брандел.

За втор вице гувернер и водно прва жена на ваква позиција беше избрана Јелица Кртолица, доста призната и истакната помеѓу Лајонсите. „Ве замолувам да бидеме вредни и да носиме среќа во средините каде што живееме, затоа што поделената среќа е како мајчино млако, колку повеќе ја давате толку повеќе се создава“ истакна во својот краток говор пред присутните Кртолица.

Движењето на лајонизмот е распространето насекаде во светот. Нивната мисија е хуманитарна пред се помош на слепите лица, но нивните активности допираат и до останатите социјално ранливи категории, и онаму каде што е најнеопходно. На денешната 3 конвенција најавија поширување на членството во нивните редови,а со самото тоа јакнење на нивната благородна мисија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top