Водите од Охридското езеро од I класа

Испитувањата направени од страна на Центарот за Јавно Здравје, велат дека причина за ваквата состојба, се невообичаено ниските температури на водата од езерото за овој период од годината.

 |  Крсте Голабоски  | 
Sasho tockov
Сашо Точков

Sasho tockovВодата во Охридското езеро, со одличен квалитет. Над 95 % од испитаните примероци се од прва класа, велат од Центарот за Јавно Здравје од Охрид. Бромологот Сашо Точко, истакна дека само за месец мај се извршени физичко-хемиски и микробиолошки анализи на над 30 примероци, земени од локации од комплексот Св. Наум до селото Радожда. Единствено на три локации, испитувањата покажуваат вода од втора класа. И тоа кај сливот на Грашница, кај селото Калишта и кај кампот Ливадишта. Точков ја објасни причината за вака високиот квалитет на водата од езерото во овој период од годината.

Од центарот очекуваат со зголемувањето на температурите, како и со зголемување на бројот на туристите да дојде и до опаѓање на квалитетот на водите од ова сливно подрачје. Само за споредба ако годинава температурата на водата е 12-14’c минатата година таа изнесувала 19 степени.

ezeroИмено покрај трите локации од езерото, од втора класа се и водите од реките, Коселска,Грашница и Сатеска. Само за појаснување, втора класа е вода која може да се користи за спорт и рекреација. Што се однесува до водите од извориштето Св.Петка, кај Свети наум, испитувањата вршени од центарот покажуваат дека тука се користени средства за дезинфекција, па со тоа водота ги задоволува квалитативните параметри и нема бактерилошка загаденост. Но, во периодов кој претстои ќе се изврши испитување на угостителските објекти од манастирскиот комплекс.

Што се однесува до јавните чешми, квалитетот на водата од нив сосема задоволува. Водата пак од Биљанини извори е следена во текот на целата година, и за овие неколку месеци, само едно испитување покажало присуство на ентерокока, и тоа во месе мај, вели Точков. Со зголемување на температурите и бројот на населението, се очекува понатамошна деградација на водите од овие извори. Што се однесува до водите од селските водоводи, таму е потребно поинтензивно испитување поради присуството на бактерии, предизвикано од нередовниот хемиски третман.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top