Лесковчани не се предаваат

После иницијативата на жителите на Лескоец, во врска спорните ингеренции за водата во нивното село, која ја поднесоа до советниците на охридскиот совет, не се задоволни од одговорот на градоначалникот, кој инсистира секоја потрошена капка вода да се плати.

 |  Билјана Николоска  | 
leskoec
лескоец

leskovcaniЛесковчани најавуваат вевчанско сценарио. „Доколку градоначалникот на Охрид, Александар Петрески не ја преиспита последната изјава дадена на вчерашната седница, во која се заканува со асистенција на службите за безбедност доколку не се дозволи пристап до броилото, нема да останеме рамнодушни“. Ваков е ставот на претставници на охридското село Лескоец, во врска нерешените проблеми со водововодно инсталациониот систем. Тие повикуваат на уште една мирољубива средба.

Велоски вели, доколку градоначалникот неможе да се справи со моменталната состојба што друг му ги мати неговите води, тие воопшто не се виновни да го носат тој товар врз грб.

И советникот на ВМРО – ДПМНЕ, Љубен Буџакоски, како мештанин на Лескоец, се обрати со свое прашање до секретарот на општина Охрид Димитрија Вревезоски. Зошто го користи хидрофорот секретарот во неговиот двор?

Мештаните на Лескоец не можат да го заборават периодот кога немале никакви проблеми со водата, а тоа било до 1974 година. Од тогаш па се до сега не изигруваат вели, Пулески Томе од Лескоец.

Дали градоначалникот Петрески ќе ја прифати понудата за мирољубив договор останува набрзо да видиме. Мештаните апелираат дека сеуште се за договор, од кој ќе бидат задоволни сите, и еднаш засекогаш да се стави крај на проблемите кои се јавија како резултат на неизгласувањето на предлог одлуката за поништување на одлуката за преземање на водоводот од страна на Месната заедница Лескоец и отстапување на МЈП „Проаква“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top