Изборна хроника 26.05

Прес конференции на Митре Велјаноски, кандидат за пратеник на  СДСМ и Антонио Милошоски, носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ.

 |   | 

Образованието не е детска играчка туку премногу сериозна работа, истакна на денешната прес конференција кандидатот за пратеник од 5 –та ИЕ , од редовите на СДСМ, Митре Вељаноски. По 5 години цунами во образованието му престои долг период на опоравување и вети воспоставување ред во настанатиот хаос на сите образовни нивоа. Вељаноски, помеѓу другото порача, новата Влада на СДСМ ќе ја врати изгубената автономија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, ќе ги наградува професорите, ќе ја поправи безбедноста во училиштата, ќе гради детски градинки, а не споменици.

Носителот на изборната листа на ВМРО ДПМНЕ од 5-та, Антонио Милошоски задоволен од досегашниот тек на изборната кампања. Се повеќе членови од другите парти доброволно преминуваат во нашата партија и ја избираат реформската програма на Вмро Дпмне. Тоа пред се се однесува на  ВМРО НП, рече при тоа Милошоски. Тој укажа и на нивните очекувања, фер и демократска изборна кампања која ќе следи во престојниот период. Граѓаните, опшеството и Македонија имаат капацитет тоа да го постигнат, да покажеме  пред светот дека сме држава која има стабилни институции и свесни граѓани и политички партиии и ќе има фер организирани избори.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top