За твојата иднина

Максимум пратеници во 5 тата изборна единица. Вакви се очекувањата на лидерот на Партијата за Европска иднина, Фијат Цаноски, за овие предвремени парламентарни избори.

 |  Билјана Николоска  | 
Fijat Canoski
Фијат Цаноски

PEIПод ова мото денес претседателот на ПЕИ, Фијат Цаноски, ја претстави во јавноста својата изборна платформа. Цаноски вели, дека посебно сега кога се дел од коалицијата на СДСМ, на митинзите владее невидена еуфорија. Забележале двојно зголемување на членството во нивните редови и според тоа очекуваат максимална победа. Тој додава дека и во оваа изборна кампања се соочува со големи проблеми, притисоци и заканувања од одредени политички блока, но дека тоа не го плаши да оди со крената глава пред народот, кој на митинзите го дочекувал со раширени раце.

„Ние си ја знаеме работата за изборите, бидејќи работиме со наша програма“, истакна Мехмед Џемајлоски, кандидат за пратеник на ПЕИ. Тој се осврна на спортската сала во с.Подгорци струшко, која според него се гради без дозвола од некои политички партии, кои се појавиле после сите големи проекти во селото.

Во редовите на ПЕИ владее голем оптимизам и од таму сметаат дека ќе бидат пријатно изненадување на 5 ти јуни. Цаноски рече дека во оваа кампања нема да се занимава со коментари на криминалци, каде го сврсти актуелниот градоначалник на Струга, туку дека предизвик му е соочување со Груески. Тој очекува голема излезеност на населението дури до 65 проценти, бидејќи според него и неопределените ќе го кренат гласот против сиромаштијата која им ја наметнала оваа Влада.

Од ПЕИ сметаат дека и европските земји овојпат можат да им позавидат на кампањата што ја водат. Џемајлоски рече, оти никогаш не треба да се заборави дека народот е најзаслужен за се и дека после денот на изборите тие ќе му служат на народот, а не да бидат партиски војници на нивните лидери.

 

 {loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top