Вувузелата шири болештини

По објавувањето на извештај за можната опасност од ширење на болести преку африканскиот навивачки реквизит, организацијата на Олимпијадата Лондон 2012-та планира да ја забрани вувузелата на терените.

 |   | 
vuvuzela
vuvuzela

По објавувањето на извештај за можната опасност од ширење на болести преку африканскиот навивачки реквизит, организацијата на Олимпијадата Лондон 2012-та планира да ја забрани вувузелата на терените.

vuvuzelaПокрај вревата која може го достигне и нивото на авион при полетување, само кратко дување во пластичната труба може да рашири болести како грип и туберкулоза.

Според тестирањата, едно дување во вувузелата расфрла 658.000 честички од белите дробови на еден литар воздух со стапка од 4 милиони капки во секунда. За споредба, со викање се исфрлаат близу 3.700 честички.

И додека едни повикуваат на комплетна забрана на вувузелите од олимписките арени, Др. Рут Мекнерни од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, смета дека треба да се постои бонтон за дување во реквизитот.

„Треба да се заштитиме од преносливите болести исто како и со кашлањето и кивањето. Луѓето со инфекции треба да са советуваат да не ги користат вувузелите во близина на други лица. Кога сте на спортски настан и околу вас има вувузели, можете да очекувате дека за време на настанот ќе вдишете голем број на аеросоли,“ вели Мекнерни.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top