По 50 години, во Велика Британија ќе се одржи изложба посветена на Визнатиската уметност.
Во Лондон во периодот од 25 октомври до 22 март 2009 година ќе биде поставена изложба насловена како “ Византија 330 -1453 “.
Во Kралската Aкадемија на Уметностите, ќе бидат презентирани и икони од постојната поставка на Галеријата икони од Охрид. Станува збор за осум икони од периодот на среден век од т.н. ренесанса на палелозите.
Иконите кои ќе бидат изложени во Лондон, припаѓаат во самиот врв на византиското сликарство. Учеството на изложбата е признание и за нашата земја која располага со огромно културно наследство. Нити една голема светска изложба посветена на Византиската уметност не може да се замисли без да бидат изложени икони од Македонија.
Покрај 8 -те икони од охридската галерија ќе бидат презентирани и преку 300 експонати од голем број уметнички збирки од Европа и САД. На изложбата ќе бидат и 40 икони од манастирот Св. Катерина на Синај.
Кустосот Милчо Георгиески од Завод и Музеј веќе е во Лондон каде што ги прави подготовките за транспорт на иконите.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град