Власите денес слават

Овој датум е врзан со ирадето или актот на добра воља на Султанот Абдулхабит втори, кој во 1905 година им ги дал сите права на власите кои ги имале и останатите народи.

 |  Билјана Николоска  | 
Vlasi
Власи

Денес се одбележува 23 мај националниот ден на власите, кој е прогласен за неработен. На 22 мај 1905 год, донесен е империјален акт од страна на Султанот Абдулхабит втори, со кој на власите им се дадени сите права како и на останатите народи, поданици на султанот.

Симболика на 23 мај е поврзана со објавата во цариградските весници на ирадето или актот на добра воља на султанот, која се случила тој ден. Јордан Трца, припадник на влашката заедница во Охрид, зборува оти власите отсекогаш тешко доаѓале до своите права и минувале низ повеќе препреки за да ги остварат.

Jordan TrcaГрчката патријаршија во врска султановиот акт правела многу проблеми и вршела притисоци, вели Трца. Тој додаава дека и покрај тоа во времето пред НОБ во Македонија имало многу влашки училишта, од кои првото било во Трново, а и Охрид можел да се пофали со две влашки училишта и тоа Горна и Долна Влашка мала. За жал после НОБ во Македонија никогаш повеќе не се учело на влашки јазик, освен денес некаде и тоа само факултативно.

Првото Влашко друштво се викало „Пријатели на родниот крај“, за да извесен временски период и тоа од 1975 до 1994 година имало затишје, за да после тоа биде формирано друштвото „Луњина“, кое и ден денес постои и функционира. Власите денес имаат доста активности и не престануваат да го негуваат Влашкиот јазик.

Трца кажува дека икао многумина мислат дека  влашкиот јазик е идентичен со романскиот, тоа не е точно. Тој смета дека и во Уставот на Р. Македонија името на Власите треба да се замени со Армани, бидејќи тоа бил препознатлив збор за сите власи од регионов, Македонија, Албанија, Грција, Бугарија и Србија. Армани зборот означува остани, така да непобитен факт за власите е тоа што тие отсекогаш постоели и ќе постојат каде што биле со векови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top