Што е поважно, оценките или знаењето?

Експертите тврдат дека оценката претставува само одраз на тоа што се работи во рамките на часот. Формативното оценување пак, е нешто друго, велат тие.

 |  Крсте Голабоски  | 
konferencija
конференција

konferencijaДа се учи за оценка или да се учи за навистина да се научи? Експертите едногласни, подоброто оценување значи подобро образование, но се поставува прашањето, кој вид на оценување треба да се примени кај нас? Во 21век постои потреба за промена на концептот “учење за стекнување знаења” во “учење за стекнување вештини за учењето”. Со тоа и самото оценување мора да претрпи промени, вели Небојша Мојсоски, директор на проектот на USAID  за образование.

Современото образование го менува фокусот од оценување на наученото, во оценување за учењето, потенцираат експертите, што пак значи дека фокусот треба да се стави на оценувањето како процес, на обезбедувањето повратни одговори од страна на учениците и родителите, а не само да биде фокусирање на резултатот. Горица Мицковска, раководител на компонентата „Унапредување на оценување во училиштата“ од проектот на УСАИД за Образование, потенцира дека со формативното оценување се добиваат повратни одговори од страна на учениците и родителите, а фокусот не се става само на резултатот. Што се однесува до екстерното оценување, за кое неодамна Министерот за образование Никола Тодорв, најави дека годинава експериментално ќе биде спроведено во сите основни и средни училишта во земјава, експертите едногласни, тоа е политика, а не дидактика. Мицковска кажа и за импактот кој екстерното оценување го има врз учениците.

И додека кај нас никако не можеме да го најдеме најдобриот модус за спороведување на образовниот процес, како и најдобриот начин за оценување, образовните институции од земјите од регионов бележат позитивни резултати од спроведување на формативното оценување. Инструмент кој можеби ќе најде своја примена и во нашиот образовен систем, па со тоа ќе добиеме уште една експериментална генерација.

Наталија Комљац од Словенија потенцира дека во однос на формативното оценување, во нивната земја изминатите пет години, најголемо внимание се посветувало на поттикнувањето на измените во пристапот при пренесување на знаењата врз учениците.

Комљац кажа дека тоа е и најважното, да не се оди само во насока на меморирање и презентација, туку, да се работи на различен пристап на размилсување и креирање на знаење, кое во едно одржливо општество ќе создава експерти кои нема да се занимаваат само со репродукција на знаењата, туку со нешто сосем ново. Повеќе од 150 наставници и експерти од областа на образованието од регионот, но и од САД, Велика Британија, Словенија и Малезија, учествуваат на дводневната Меѓународна конференција која се одржува во Охрид, на тема „Оценување за учење во 21 век“.
{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top