Пожарникарите загрижени од градежниот хаос

Во првите пет месеци од оваа година, 40 –те  охридски  пожарникари, интервенирале во 92 случаи, вели Спасе Прентоски, командир на противпожарната единица.

 |  Нелоска Валентина  | 

Во првите пет месеци од оваа година, 40 –те  охридски  пожарникари, интервенирале во 92 случаи, вели Спасе Прентоски, командир на противпожарната единица.

Во Охрид, Дебрца и Струга се изгаснале 54  пожари врз објекти, 30 на отворен простор, 8 на сообраќајни средства и 9 пати имало технички  интервенции. Сите пожари завршиле со материјални штети, но за среќа без човечки жртви, нагласува Прентоски. Додава, вообичаено на Денот на пожарникарството, кој се прославува денес, се бира и најдобриот пожарникар, но годинава таков избор нема.
„Мината година имаше интервенции од кои јас
како нивен старешина сум задоволен од  пожртвуваноста на сите пожарникари, па сите заслужуваа да бидат прогласени за најдобри, па за да нема замерки годинава одлучивме да нема ваков избор, појаснува Прентоски.  
Охридската противпожарникарна единица е добро екипирана и со обновени технички возила. Благодарение на Локалната самоуправа, Владата и колегите од Флоријан, Велика Британија,    донирани се три нови возила за технички интервенции. Пожарникарите во моментов имаат потреба од едно помало возило за интервенции во стариот град, но и од бродче за гасење на пожар на пловните објекти во езерските води, истакнува Прентоски. Малите бротчина како донација од колегите од Флоријан, Велика Британија, кои соработуваат со Црвен крст- Охрид се очекуваат во јули. Но, она што ги загрижува пожарникарите се градежниот хаос во градот и не планирањето пристапни патишта при градењето.Не се почитуваат стандардите и законите при градење ни во индивидуалните, ни во колективните станбени објекти и не се води сметка дали има пристапни патишта во случај на пожар успешно да интервенираат нашите возила, нагласува Прентоски.
Првото противпожарно друштва во земјава постои од 1836 година, кога на 20 мај во Битола се формира првото Доброволно Румелиско противпожарно друштво. Таа дата е прифатена како одбележување на денот на пожарникарството во земјава. Охридската територијална противпожарна единица се вбројува меѓу позначајните, подобро организираните и опремени противпожарни едници во Македонија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top