Носителот на листата на ЛДП во посета на Охрид и Плаошник

„За секој политичар и за секоја политичка партија во Р Македонија 5 јуни е ден на избори. Овој ден е значаен и за нас, но морам да потенцирам дека 5 јуни е значаен и поради тоа што е ден за заштита на човековата околина“, истакна носителот на листата во ИЕ5 на ЛДП, Андреј Жерновски на прес конференцијата која ја одржа на Плаошник.

 |  Маленкова Татјана  | 

„За секој политичар и за секоја политичка партија во Р Македонија 5 јуни е ден на избори. Овој ден е значаен и за нас, но морам да потенцирам дека 5 јуни е значаен и поради тоа што е ден за заштита на човековата околина“, истакна носителот на листата во ИЕ5 на ЛДП, Андреј Жерновски на прес конференцијата која ја одржа на Плаошник.

Потенцираше дека се одлучиле пресс конференцијата да ја одржат на оваа локација затоа што како што кажа  сакаме да реагираме на безмилосното сечење на боровата шума нешто за што Охриѓани и сите кои доаѓаат во Охрид се револтирани за она што во моментов се случува  тивко но континуирано.

„ Сосема јасно е дека позади оваа еколошка катастрофа стојат бизнис интереси и токму затоа прашуваме многу јасно и очекуваме одговори дали всушност ова претставува вовед на најавената урбанизација на западниот дел на ридот кај Плаошник, затоа што многу е цинично кога владата вели дека треба да се спроведуваат акции од типот на „засадија својата иднина“, кога сосема е јасно е дека некој овде сака да си ја засади својата лична иднина, затоа што овде е планирано да се обележуваат плацови да се прават згради и.т.н.“, вели Жерновски.

Тој потенцираше дека на овие избори цел на партијата  и е да учествува во владата  како контролор. На Охриѓани им порача дека едена од приоритети при влез во владата ќе бидат токму овие еколошки теми, а целта е да го спречат дивеењето што се случува кај Плаошник. Покарај тоа Жерновски додаде дека тие како партија ќе побараат почитување на законот за води, затоа што е многу е битно охридското езеро како и останатите води во Р Македонија да добијат концесионер.

„ Денеска Охридското езеро нема стопан и затоа овој период  во охридскот езеро може секој да прави што сака. Тоа можам да им го ветам на Охриѓани затоа што денес тоа за нас е еден од најголемите приоритети“, истакна Жерновски.

Носителот на листата во ИЕ5 на ЛДП од Плаошник порача дека кампањата која оваа партија ќе ја води ќе биде мирна, фер и демократска.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top