Амбулантата уво, грло нос во Струга нема комплетна опрема за дијагностика. Пациентите за испитување на слухот одат дури во Охрид.
Нова амбуланта, стара апаратура, ваква е состојбата во амбулантата уво, грло, нос при општата болница во Струга. Иако просторијата каде се наоѓа овој оддел е релативно нова, сепак проблем е апаратурата. Покрај тоа што опремата датира од пред 20-тина години, недостасуваат и други апарати за дијагностика. Пациентите реагираат дека за испитување на слухот треба да одат во Охрид, бидејќи во Струга нема аудиометар и тимпонометар.
„Со тоа што ги немаме овие апарати, на прво место со самото упатување на пациентита на анализи во Охрид, ја губиме нивната трага“- велат докторите.
И покрај тоа, тие додаваат дека се трудат максимално да одговорат на потребите на пациентите. За недостатоците на амбулантата е упатен и директорот на Ј.З.У Општа болница, кој е назначен неодамна. Тој истакна дека се бара начин да се реши проблемот. Очекува дека за скоро време ќе се обезбедат неопходните апарати. Оптимизмот е поголем, откако Министерството за Здравство нуди помош преку финансиската подршка од страна на светска банка.
„За ушното оделение чекаме нови апарати. Недостасува еден стробоскоп за дијагностика и флексибилен фибер за преглед на нос и гласни жици“-истакна Д-р Ментор Ибрахими, директор на Ј.З.У Општа болница во Струга.
Тој очекува дека Општата болница посебно амбулантата уво, грло, нос за скоро време ќе ја добие потребната апаратаура, а истовремено старата ќе биде заменета со нова. Со тоа автоматски ќе им се олесни и на пациентите, наместо во Охрид да можат комплетно да ги направат анализите во Струга.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град