Ден на информатичките и комуникациските технологии

Бројот на интернет корисници во земјава изнесува над 52%. Но примената на широко појасниот интернет во Р. Македонија, со позначаен процент.

 |  Николоска Билјана  | 

Одбележан светскиот ден на информатичките и комуникациските технологии. Тоа се совпадна со одржувањето на меѓународната регулаторна конференција, каде има присуство на високи претставници од Југоисточна Европа, од оваа област. Министерот за информатичко општество и администрација Иво Иваноски, рече дека Владата на Р. Македонија во изминатиов 4 годишен период докажала дека со воспоставување на добра регулатива успехот доаѓа сам по себе. Тој рече дека нивните достигнувања ги пренеле и на претставниците на регулаторите од Југоисточен регион.

Директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Ордановски, рече дека Македонија е лидер во Југоисточна Европа во областа на електронските комуникации, што всушност била и тема на денешниот работен состанок на меѓународната конференција. Тој додаде дека нивното мото е заштита на правата на корисниците, а агенцијата покрива вкупно 2.100 000 корисници. Орданоски рече дека бенефитот на конференцијата за регулаторни тела ќе се знае утре, бидејќи се очекува дискусија за тоа регионот да функционира како еден регулатор, со што би се корегиреле цените на роаминг услугите.
На конференцијата се потпишаа и два меморандуми за соработка. Претседателот на МАСИТ, Игор Бимбилоски рече дека со ова се потврдува подршката за развој на ова поле.

Охрид од денес па во иднина ќе биде центар на Југоисточна Европа, за Македонија каде ќе се креираат сите нови идеи за развој на електронските комуникации. Конференцијата се очекува да премине во традиционална. Исто така со завршувањето на конференцијата се очекува да произлезат уште подобри идеи и легислативи со кои што развојот на информатичките и комуникациски технологии во Р. Македонија ќе бидат поприоритетни со цел да се изгради една економија базирана на знаења.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top