Во Саботата во Охрид избувнаа два пожари поради што мораше да Интервенира Противпожарната единица од градот.
Едниот пожар избувнал во населбата “Далјан” во колективна станбена зграда на улица Васил Стефоски во близина на хотелот Магнус. Во противпожарната единица бил пријавен во 18.55 минути. Епилог од пожарот е еден опожарен стан на првиот кат. Благодарение на брзата интервенција на противпожарната единица и навремената излоциja на станарите од зградата, повредени нема.
Пожарот бил за брзо време локализиран и изгаснат благодарение на 8 те пожарникари.
Инспекторот за утврдување на причини за пожар при СВР сеуште е на терен со цел да ги утврди причините за наставнувањето на пожарот.
Неофицијално соседите велат дека сопственикот сам си го запалил станот. Сепак истрагата ќе покаже дали пожарот бил подметнат или настанал случајно.
И не само во Даљан попладнево избувна пожар и во паб во центарот на Охрид. И во овој случај пожарот кој избувнал во кујната, за брзо време беше изгаснат.
Инспекторите работата на утврдување на причините за пожарот во пабот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град