Порака до злосторникот! Порака до Б.Ц.

Под ова мото на три пункта во Струга граѓаните можат да пратат порака до лидерот на СДСМ Бранко Црвенкоски, а  ВМРО – ДПМНЕ ќе се погрижи да му ги испорача на неговата адреса.

 |  Николоска Билјана  | 

Струга памети, стружани не забораваат. Кандидатките за пратенички на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Љилјана Затуроска и Надица Николовска упатија сериозни обвинувања кон лидерот на СДСМ, Бранко Црвенкоски. Затуроска потенцира дека стружани сеуште се сеќаваат на најголемото зло кое им беше направено на граѓаните со територијалната поделба, која им ја сервира СДСМ.
„Последиците од тој злочин се чуствуваат и ден денес. ОК на ВМРО – ДПМНЕ Струга одлучи да им излезе во пресрет во барањата на стружани. Да им овозможи на непосреден начин да му се обратат, да му испратат порака за тоа што им го направи, за пазарењето со македонските гласови, за понижувањата и навредите“, изјави Затуроски.
Затуроска рече, дека денес излегуваат во пресрет на барањата на граѓаните на Струга, кои преку порака сакаат лично да му кажат на Бранко Црвенкоски, дека е непожелен во Струга. Сите пораки уредно во плико ќе бидат испратени на негова адреса, за да може самиот да се увери каде му е местото, вели Затуроска, која и сама му испрати порака.
И дел од стружани со остри критики кон  Бранко Црвенкоски. Некои што ги анкетиравме беа симапатизери, но имаше и такви кои не припаѓаат кон ниту едно партиско членство.
Стружани на три пункта ќе праќаат пораки до Бранко Црвенкоски. Да се надеваме дека содржината на истите ќе ја прочита примачот, па се очекува одговор.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top