По претходно добиена судска наредба, СВР Охрид реализира претреси во Велешта.
Над 400 куршуми калибар 7,62 милиметри, ловна пушка од Руско производство без соодветни документи, неколку куршуми за огнено оружје пиштол, повеке патрони за ловна пушка, помала количина опојна дрога Хероин како и рачни часовници Ролекс и Кварт, мобилни, се пронајдени при два одвоени претреси извршени вчера кај две лица во струшкото село Велешта.
По претходно добиена судска наредба, СВР Охрид реализира претреси во Велешта. Претресите се извршени во содејство со криминалистичката полиција при Полициската станица Струга при што во домовите на овие две лица, дополнително пронајдени се и сребрени наруквици и белегзии, повеке мобилни телефони различни марка, една Хилта марка „Хенкел„, една Бор машина марка „Бош„ неколку авто радио-касетофони, повеке мобилни телефони различна марка и друга поситна техничка опрема.
Со осоодветна потврда, пронајдените предмети се одземени и предадени за понатамошна криминалистичко-техничка обработка.
По целосно документирање на овој настан, против двете лица кои се во роднинаска врска ке биде поднесена кривична пријава. Против Н.К. (36) Полициската станица од Струга и порано има поднесувано кривични пријави за недозволена трговија со опојни дроги.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град