Дневниот центар за деца со посебни потреби „Доброто љубие“ нема да згасне.
Станува збор за проект инициран од Католичката, а прифатен од Православната црква. Центарот е заеднички организиран и поддржан од двете цркви. Со заминувањето во пензија на отец Димитрије и преместувањето на католичкиот отец Стефан, од Охрид во Сараево, па родителите стравуваат за опстанокот на центарот. За родителите на штитениците во овој дневен центар неговото функционирање е од голема помош. Сега тие се загрижени со ново настаната состојба, па психологот Марија Кочоска, која се грижи за штитениците на дневниот центар, смирува.
„Нема потреба да стравуваат, ние бараме пари за опстанок од година в година, значи за секоја наредна година планираме однапред, и така функционираме. Она што е во наша можност ќе направиме, досега во изминативе години не сме имале вакум период, и тоа е наш успех“.
Дневниот центар за децата со посебни потреби успешно опстојува веќе пет години. Штитениците во центарот секој ден поминуваат по пет часа под стручен надзор на психолог и медицинска сестра. Имаат компјутери, телевизор, играчки и спортски реквизити. Во топла атмосфера можат по сопствена желба да избираат како да го организираат своето време.
Психологот Кочоска под чиј надзор се штитенците вели ги почитуваме нивните желби и потреби, се обидуваме да им создадеме катче каде што ќе се дружат. Во меѓувреме, нивните родители можат да бидат сигурни дека децата се целосно заштитени. Штитениците секој ден со возило се земаат и враќаат дома. Има кувар кој се грижи за подготвување на еден оброк и ужина, а сето тоа за родителите е бесплатно и од голема помош, нагласува Кочоска.
Во моментов Дневниот центар „Доброто љубие“ згрижува 10 –тина штитеници. Интересот на родителите е поголем но нивните можности се ограничени. Добиваат помош од донатори, а последната донација е од Црвениот крст Охрид од кој добиле статичен велосипед и количка.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град