Отчет за сработеното од 2006-2011 година

Од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, информираа дека проектите кои ветиле дека дека ќе ги исполнат како и мерките што ветиле дека ќе ги спроведат, во најголем дел, веќе се реализирани.

 |  Крсте Голабовски  | 

„Уште при изработката на програмата за парламентарните избори пред 5 години, наша цел беше завршување на транзицијата во Република Македонија“, истакна кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Александар Николовски. Тој додаде дека покрај овие приоритети со кои оваа партија требало да се справи, биле и подобрувањето на економските услови, продолжување на евроатланските интеграции, слухот за потребите на граѓаните, постојан контакт со народот, како и  унапредување на образованието и подигнување на животниот стандард. На денешната прес конференција Николовски потенцира дека поголем дел до проектите и мерките кои ветиле дека ќе ги спроведат, веќе и ги реализирале.

„Во периодот од 2006-та до 2011, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во целост исполни 1185 ветувања дадени пред граѓаните од вкупно 1428 ветувања. Реализацијата е започната и тече на дополнителни 216 проекти кои сочинуваат 98% од она што ветивме на изборите“, кажа Николовски.

Реализирани беа голем број проекти и тоа од најразлични сфери на живеењето од страна на Владата на република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Николовски ги истакна проектите кои се однесуваа на сообраќајната сфера, значајни за нашиов регион, како реконструкцијата на локалните патишта, изградбата на обиколницата на Охрид, булеварот „Железничка и завршување на процесот за давање под концесија на аеродромот „Свети Апостол Павле. Во никој случај не смее да се занемарат проектите, чија реализација во голема мерка ќе придонесе во унапредувањето на туристичкиот развој за регионов.

„Почна реализацијата на програмата за субвенционирање на тур-операторите што носат туристи во РМ, а најавени се ичартер летови од Холандија и Израел, зголемување на потенцијалите на Охридското езеро, преку создавање услови за привлекување на домашни и странски инвеститори за развој на крајбрежјето и уредување на плажите, поврзано за развој на екотуризам, изјави Николовски.

Од сферата на унапредување на образовниот процес, Николовски го истакна основањето на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, од сферата на културното живеење, отварањето на  музејскиот комплекс „Музеј на вода“, основањето на професионалниот театар, а беа издвоени средсва за реализација на капитални проекти од областа на археолошкото и сакрално културно наследство. Николовски, зборуваше и за проектите од сферата на здравството а и за реализацијата на идните проекти. На прагот на новите избори, порача Николовски она што го направивме ќе има голем позитивен ефект врз сегашноста, но и врз иднината на Охрид и Република Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top