Рекреативците бараат асфалт во Горица

Асфалтираниот пат што поминува низ комплексот Горица е узурпиран од градежни работи. Патот кој поминува покрај градежниот комплекс, долго време беше прекриен со шут и градежен отпад.

 |  Валентина Нелоска  | 
pesacka pateka
пешачка патека

velosiped vs. kamionАсфалтираниот пат што поминува низ комплексот Горица е узурпиран од градежни работи. Патот кој поминува покрај градежниот комплекс, долго време беше прекриен со шут и градежен отпад. Од пред неколку дена, луѓето кои патот го користат како нивна единствена пешачка зона, останаа непријатно издадени од заштитната ограда поставен на патот, со што педесетина метри од него станаа дел од просторот на кој се гради.

За волја на вистината, инвеститорот направил мало премостување, кое не е асвалтирано и  истото повторно го користи нивната градежна маханизација. Граѓаните се прашуваат како институциите толерираат и дозволуваат патот да не функционира нормално.

За ваквата ситуација се обративме за одговор до надлежните служби. Од СВР Охрид, портпаролот Стефан Димоски изјави дека според Законот за  јавни патишта станува збор за пат од локален карактер кој е под целосна надлежност на Локалната самоуправа. По нашата актуелизација на пробелемот Димоски вети преземање мерки од страна на сообраќајната полиција иако тие немаат обврска кон јавните патишта. Додава дека ќе направат увид во фактичката состојба и ќе ја известат Локалната самоуправа, како и дека  ќе побараат да се преземат мерки за деблокирање на патот од физички или механички пречки.

Одговор побаравме од Општинскиот инспекторат дали е дозволиво ваквото блокирање на патот. Раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски објасни дека патот влегува  во локацијата на градење и согласно градежната дозвола  инвеститорот има право да го затвори. Се обративме и до Раководителот на Секторот за урбанизам Бранко Арнаудов со прашањето како е можно во локација за градба да се додели и пат. Арнаудов кратко потврди дека инвеститорот го добил патот, но има обврска по  затварањето на истиот да изгради нов, на кој ќе се одвива  нормално движење на пешаците. Според урбанистичкиот план, патот треба да се гради на запад кон главниот пат Охрид-Св.Стефан и треба да биде асфалтиран пат.

Контактиравме и со инвеститорот „Градежник“ кој пред една  година  го сруши хотелот  Парк и започна со изградба на луксузен апартмански комплекс. Го запрашавме кога ќе изгради асфалтен пат, за сметка на стариот кој веќе не е во функција.

pesacka patekaВо телефонскиот разговор, инвеститорот ни кажа дека веќе изградил пат и  според него обврската е испочитувана. Но, на терен сеуште нема трага од асфалтиран пат.  Сега на просторот што треба да биде јавен пат во сончево време се креваат облаци од прашина, а во дождливо време е прекриен со кал. Пешаците се враќаат испрашени или каливи во зависност од временските услови, велосипедистите стравуваат да не останат со дупната гума на велосипедите, а оние пак, кои рекреираат со ролери нема шанса да пројдат и се враќаат назад. Од ваквите состојби на патот се уништува рекреацијата или посакуваниот мир од прошетката во комплексот Горица.

Никој не е против градење и создавање на убави нешта, но граѓаните бараат при тоа да не се нарушуваат нивните потреби.

 

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top