Охрид пред нов предизвик да стигне до седум милиони евра

Со средства од меѓународните претпристапни фондови ќе се развива Југозападниот регион во Македонија. Треба само луѓе кои ќе знаат и умеат да  изработат прооекти.

 |  Лионела Јаковлева  | 
strategija
strategija

Со средства од меѓународните претпристапни фондови ќе се развива Југозападниот регион во Македонија. Треба само луѓе кои ќе знаат и умеат да  изработат прооекти.

Седум милиони евра се на дофат, доколку  Охрид, зеадно со уште 13 општини од Југозападниот регион,  знаат како да ги добијат. Дел од овие средства ќе се издвојат од буџетот на државата, а дел ќе се обезбедат од меѓународните претпристапни фондови, вели Аница Палацо Претставник на ГТЗ. Со законот  за рамномерен регионален развој, кој беше донесен пред една година, Македонија е поделена на 8 региони кои треба подеднакво да се развиваат. По повеќе одржани средби, на кои што присуствуваа поголем дел од инволвираните субјекти во оваа проблематика, денес беше донесена финалната програма, по која ќе се работи за развој на Југозападниот регион.

strategija seminar„Таа е рамка во која ќе се одвиваат сите активности околу регионалниот развој“, појаснува Палацо.

Охрид е седиштето на Југозападниот регион. За скоро време во СРЦ „Билјанини извори“ ќе се отвори канцеларија, во која ќе бидат вработени пет лица задолжени за изработка на проекти или за успешна презентација на веќе изготвени проекти од правни или физички лица. Единствен услов е во проектот да се инволвирани минимум две општини од нашиот регион. Од способноста и стручноста на вработените ќе зависи колку средства ќе се исползуваат од предвидените седум милиони евра.

Градоначалникот на Охрид потенцира дека во градов има стручен кадар за израбиотка на проекти, но досегашната пракса го покажува спротивното. Само за потсетување, Секторот за локален економски развој, кој делува веќе неколку години наназад во рамките на општина Охрид, иако имаше можност да донесе пари во градов преку разни проекти тоа не го напреви. Стратегијата за одржлив локален економски развој, која што претставува рамка за делување на овој сектор, беше донесена дури во јануари годинава. Со оглед на нетранспарентното работење на овој сектор, точни податоци за бројот на досега реализирани проекти нема. Се споменува едноцифрена бројка, која е далеку од можностите и потенцијалот кои ги нуди Охрид.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top