Холанѓаните повторно во Охрид

На охридскиот аеродром слета првиот авион со холандски туристи. Пречек им приреди целокупниот тим заслужен за нивното доаѓање.

 |  Билјана Николоска  | 
Holangani
холанѓани

Денес на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, слета првиот авион со холандски туристи. Тие беа пречекани на традиционален македонски начин – со погача, македонска музика и благо, што предизвика позитивни првични впечатоци. Некои од гостите слушнале за Охридското Езеро, а се по прв пат во Охрид, но има и такви кои за нашиот град дознале од интернет порталите во Холандија.

Вицепремиерот по економија, Антонио Пешески, задоволен од реализацијата на најавените планови на Владата на Р. Макеоднија. За него, доаѓањето на првите холандски туристи, значи почеток на туристичката сезона.

Holagani-docekАмбасадорката на Холандија во Р. Македонија, Симеоне Филипини, рече дека кога се сака – се се може, благодарение на обединетоста на сите релевантни фактори. Таа додаде дека кон тоа мора да се додаде и клучниот момент за реализација на се ова, субвенциите.

Директорот на холандската компанија „Корендон“, Атила Услу, видно задоволен од соработката со сите претставници, рече дека целта е постигната. За наредната година очекува двојно поголем број клиенти, заинтересирани за оваа дестинација.

Холандските гости кои ќе престојуваат во Охридскиот регион имаат широка туристичка понуда, која вклучува екскурзии со професионален водич, познавач на холандскиот јазик. Тие ќе имаат можност да крстарат по Охридското Езеро, при што ќе го посетат манастирот Св. Наум, како и Поградец во соседна Албанија. Предвидена е и рурална тура, посета на винариите во Демир Капија, посета на манастирот св.Јован Бигорски, Вевчани, Скопје, Битола. Првите холандски туристи, денес, во холанскиот парк „Ден Долар“, имаа пикник, каде беа поставени статички велосипеди, едно од обележјата на Холандија. Забавата продолжи во кафе барот Куба Либре. Инаку, според најавите на тур-операторот, годинава туристичката сезона во Охрид ќе ја збогатат околу 10.000 холандски туристи.

Holandski park
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top