Ќе има или не дисперзирани студии?

Студентските организации од повеќето факултети во земјава остро реагираа на наводните најави од СДСМ дека ќе бидат укинати дисперзираните студии. На ова реагираше и Унијата на студенти од дисперзираните студии на факултетот во Струга.

 |  Мишел Наумовски  | 
studenti
студенти

Големи превирања во јавноста по наводната најава од СДСМ дека тие ќе ги укинуваат дисперзираните студии на македонските факултети. Се огласија бројни студентски организации, студентски унии, поединци. Уште една во редот реакции беше реакцијата на Унијата на студенти од дисперзираните студии на факултетот во Струга. Тие велат: „Горди сме што конечно некој се сети на нас младите и ни овозможи своето високо образование да го стекнеме во нашите родни градови. Со тоа драстично се намалени трошоците и е овозможено и лицата кои потекнуваат од помалку ситуирани семејства да можат да се стекнат со високо образование како и да ги надоградат своите интелектуални способности.“

Се изнаслушавме во јавноста најразлични тврдења, бранење на правото на високо образование и деманти на некакви изјави. Што од сето ова е реалност?

Вистина или не, револтот кај студентите е повеќе од очигледен. „Најостро ја критикуваме изјавата на челниците на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и воедно праќаме апел до сите студенти добро да размислат пред да го дадат својот глас , кого ќе го поддржат. Дали за оние кои ги воведоа дисперзираните студии и се залагаат за високо образована младина или оние кои ја оспоруваат неговата поставеност и ефикасност.“-додаваат од Унијата на студенти од струшките дисперзирани насоки.

Вистината е во очите на набљудувачот. И додека е јасна потребата од дисперзирани студии на македонските факултети, некако се повеќе се наметнува прашањето кој тоа сака свесно или несвесно да ги вмеша студентите во политички игри и дали тоа го гарантира опстанокот на дисперзираните студии на факултетите ширум земјава? Тоа единствено времето ќе го покаже.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top