Блиску, но сепак, далеку од вистината. На 06.ти мај 2001 година, претседателот на М.З. Радолишта, Султан Мемети, исчезна во близина на православните гробишта на патот Ќафасан – Струга. Од тогаш, па се до денес, нема никаков абер за него. Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, рече дека 10 години во континуитет, барале можност да се пронајде Мемети, но по се изгледа, напорите и на локалната и на централната се недоволни. Мерко додава дека ќе преземат порадикални мерки.
Секретарот на М.З. Вердат Колоња, рече дека нема повеќе да молчат. Тие упатија забелешка до неколку релевантни служби, како на пример до обвинителство и до ДБК, кои не присуствувале на последниот состанок, кој бил наменет за презентирање на фактите и доказите, кои ги имаат во врска со киднапирањето на Султан од страна на полицијата.
Состојбата за Султан, ја следи и пратеникот Тахир Хани, од ДУИ. Тој вели дека должност му било да се ангажира за овој случај.
Од Советот на М. З. Радолишта сеуште веруваат дека нивниот претседател Султан Мемети е жив. Судбината на Мемети сакаат да ја дознаат уште 43.000 луѓе од различна етничка припадност, кои се потпишале за тоа. Додека немаме црно на бело, нашата потрага ќе трае и ќе биде порадикална, велат од Советот на М.З. Радолишта.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град