Македонската берза домаќин на Извршниот и Работниот комитет на Федерацијата на Евроазиски берзи (ФЕАС).
Иако берзите од регионов се млади, а некои од нив постојат само 10-15 години, сепак со добра бизнис клима и законска регулатива која ќе се почитува, можат да привлечат инвестиции, велат беразнските експерти, кои учествуваа на Извршниот и Работниот комитет на Федерацијата на Евроазиски берзи (ФЕАС). Директорот на Македоснката Берза, Иван Штериев, посочи дека ваквата соработка е можност да се споделат знаења и информации и да се исцрпат сите нови идеи, кои може да се имплементираат на локланиот македонски пазар.
И директорот на една од најголемите берзи во регионов Истамбулската, Хусеин Еркан, согласен дека се потребни нови начини за зголемување на транспарентноста преку инвестирање во инфраструктурата и развој на регулативата, доколку берзите од регионов сакаат да се раздвижат и зголемат интересот за тргување со акции во регионов.
Претставникот на Белградската берза, Синиша Крпета, согласен. Тој истакна дека причината поради која цените на акциите од земјите во регионов е ниска, најмногу поради функционирањето на пазарните инструменти и се вистинскиот одраз на вредноста валоризирана од страна на клучните играчи, односно инвеститорите. Крпета додаде дека потребно е засилување на дистрибутивните и промотивните канали преку кои берзите од регионот ќе можат заеднички да се претстават пред потенцијалните инвеститори.
Федерацијата е формирана во 1995 година од 12 берзи основачи, а моментално брои 34 берзи и 13 придружни членки од 30 земји. Кон Федерацијата може да пристапат берзите од пазарите во појавување, пост-трговските институции и брокерско-дилерските здруженија од Европа, Азија и Блискиот Исток. ФЕАС и во иднина ќе продолжи со својата водечка улога во поддржувњето на своите членки во справувањето со глобалните и регионалните предизвици преку заедничко развивање на соодветни и активности.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град