„Градскиот полигон е идеалната локација за одржување на предизборните промотивни активности“ велат од Општинскиот изборен штаб на СДСМ од Охрид.
Претседателот Александар Петрески потенцира дека целта за ваквата одлука е заштитата на градскиот плоштад пред самиот почеток на туристичката сезона.
Локацијата за предизборните промотивни активности, тема на денешната прес конференција на Општинскиот изборен штаб на СДСМ од Охрид. Претседателот Александар Петрески во функција на Градоначалник, информира дека и покрај негодувањето на некои политички субјекти одлуката стои. Се со цел да се зачува градскиот плоштад пред самиот почеток на туристичка сезона.
„Јас ги известив дека одлуката за градскиот плоштад како локација за одржување на нивниот митинг е поништена. За тоа не се согласни ни од СДСМ, ни од ВМРО,но тоа пред се е во интерес на Охрид и охриѓани“, вели Петрески.
Петерески додаде дека и како градоначалник и како претседател на ОИШ на СДСМ ќе ги повика претставниците на политичките субјекти пред почетокот на кампањата, да седнат и да продискутираат, како за локациите на одржување на предизборните промотивни активности, така и за самиот однос меѓу политичките субјекти од градов.
Во врска со малиот број пратеници кој го добија од Охрид, Петрески согласен дека Охрид заслужува многу повеќе. Но, додава дека секогаш кога се формира коалиција, поголемиот дава на помалиот.
„Сум свесен и ветено е дека со добивање на извршната власт, со победа на парламентарните избори дека на Охрид ќе му биде возвратено со раководни места, министри, директори на ЈП и голем број претставници од Охрид за третиот ешалон“, информира Претседателот Петрески.
Претседателот пак на О.О. на СДСМ-Охрид Науме Јовановски им порача на кулораите кои се занимаваат со нивната внатрепартиска ситуација, прво да си ги средат сопствените дворови.
„Ние не сме многу љубители на зборови и на тероетизирање, за некоја проблематика, ние сакаме таа работа практично да ја покаќеме и ќе ја покажеме на 5-ти јуни кога ќе го прегазиме ВМРО-ДПМНЕ, вели Јовановски.
За крај, претседателот на Општинискиот изборен штаб им порача на граѓаните од Охрид, со досотоинство да земат се што во овој период ќе им се дава, а на 5-ти јуни да излезат и својот глас да го дадат онаму каде што мислат дека е потребно.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град