Од Варош па се до селото Љубаништа, речиси триесет проценти од Охридските домаќинства, проблемот со фекалната канализација го решиле со изградбата на овој вид постројки. Најголема причина за ваквата состојба е неможноста некои од домаќинствата да се приклучат на фекалната канализација.
Посебно симптоматична е ситуацијата во стариот дел на градот, каде некои од домаќинствата сакаат да се приклучат на канализационата мрежа, но поради конфигурацијата на просторот во комбинација со нерешените имотно-правни односи, тоа е тешко изводливо. Од ЈП, „Нискоградба“ велат дека решение за ова има. Од „Нискоградба“ се во можност да изработат техничко решение, но потоа заинтересираните треба да се обратат до Фондот за комунален развој кои заедно со Локалната ќе пристапат кон решение на имотноправните односи. Дотогаш физичките лица должни се да пријавуваат чистење на јамите во ЈП „Охридски Комуналец“, вели Љупчо Грданоски од оперативната служба на „Охридски Комуналец“.
Што се однесува до руралните средини, најмногу се интервенира од приградската населба Лескоец, па се до туристичките населби, Елшани, Коњско, Пештани, па и Трпејца и Љубаништа, велат од Комуналец. Оттаму додаваат дека досега, немало ни една дојава за чистење на септичка јама од стариот дел на градот. Првиот човек на охридскиот инспекторат Танас Танасоски, информира дека граѓаните кои имаат септички јами, должни се да ја побараат таа услуга од ЈП и истите да ги исчистат. Доколку тоа не го сторат, Инспекторатот му налага на Комуналец, да пристапи кон чистење на јамата на трошок на сопствениците.
Павел Филев раководител на претпријатие кое се занимава со технологија за пречистување на отпадни води вели дека, погоелмиот дел од септичките јами кај нас не се ни прописно изработени.
Филев потенцира дека современите технологии кои работат врз база на самопрочистување на отпадните води, може да бидат решението на овој проблем. Имено, станува збор за пречистување на отпадните води на местото на нивното настанување и нивен понатамошен третман со можност за нивно понатамошно користење за наводнување, додава Филев.
Овој вид на пречистителни станици се од затворен тип и може да опслужуваат од 1 до 5 семејства во зависност од големината, а се изработени согласно Европските директиви за управување со води. Станува збор за значителна инвестицја, која сепак е еднократна. Инаку сумата која едно домаќинство треба да ја издвои за чистење на септичка јама, изнесува 1260-3780 денари, во зависност од нејзината локација. Првото чистење на септичката јама се препорачува да се изврши посале десетта година, за да подоцна интервалот помеѓу чистењата се намали на секои 2 и три години. Од Комуналец велат дека забележани се случаи на дојави од корисници и по неколку пати во годината. Иако милуваме да кажеме дека живееме во современо општество во кое максимално се залагаме за решавање на проблемите од комуналната сфера, сепак, мораме да си признаеме дека и тоа колку треба да поработиме на јакнење на еколошката свест. Не останаа уште многу згради во Европа кои своите фекални и атмосферски води ги спорведуваат во септичка јама.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град