Од Кабинетот на градоначалникот Александар Петрески, веднаш со реакција.
Оттаму велат дека „Не се работи за неосновано критикување на централната власт на ВМРО- ДПМНЕ, ниту малодушно кукање пред амбасадорите. Се работи за вистината“.
„Презентирањето на реалните состојби во односите меѓу Локалната самоуправа и централната власт на чело со ВМРО- ДПМНЕ ,не е кукање туку кажување на вистината“, велат од кабинетот на Охридскиот Градоначалник. Потенцираат дека Градоначалникот Александар Петрески го информирал евроамбасадорот Соренсен, за сериозниот и постојан притисок од централната власт, кочењето на процесот на децентрализација и опструирањето на повеќе важни развојни проекти.
„Вистината им се кажува на пријателите, на луѓето кои ви веруваат и само така се создава меѓусебна доверба.“, стои во реакцијата од кабинетот на Охридскиот градоначалник.
За жал со неоснованите напади на координаторот на советничката група на ВМРО- ДПМНЕ Дејан Паноски врз градоначалникот Петрески се покажува дека , наместо да се почитува максимата –„ пред вистината и боговите молчат“ , некој бара вистината да се сокрива и да се создава впечаток на идеално владеење на централната власт предводена од ВМРО- ДПМНЕ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град