Поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори„ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.К. (43) од Охрид.
Пријавениот, во домот на негов роднина, во 2 пластични буриња, сокрил 17 килограми опојна дрога Марихуана која претходно ја набавил со цел натамошна продажба на наркозависници од Охрид, Струга но и од поширокиот регион. Станува збор за чиста високо-квалитетна дрога спакована во 19 полиетиленски и најлонски опаковки облепени со кафеави самолепливи ленти врз која е извршено вештачење и дактилоскопска обработка во Министерството за внатрешни работи на РМ.
На ден 27-ми овој месец, по претходно добиена Судска наредба, извршен е претрес во домот на А.У. од Охрид, каде во една од собите на вториот спрат, пронајдена е дрогата сокриена во две пластични сини буриња затворени со метални затворачи и прекриени со алишта и друга покуќнина.
Според сопственикот на куќата, собата ја користел односно му била изнајмена на неговиот роднина – пријавениот А.К. за кого СВР Охрид веке подолго време располагаше со оперативни податоци за негова инволвираност во нарко-криминалитетот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град