Во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“, во присуство на претставници на Локалната самоуправа, неговите најблиски од семејството, како и колеги и пријатели, за последен пат беа истакнати неговите дела и заслуги.
Градоначалникот, Александар Петрески во својот говор истакна дека останува неизбришлив споменот за човекот, кој сите кои што го познаваа го почитуваа. Петрески рече дека Др. Наумов ќе биде запаметен како голем човек, хуманист, не само по професија туку и во човечка смисла.
Од името на лекарскиот есанаф се обрати претседателот на Здружението на лекари Др. Илија Прангоски. Тој рече дека кога се работи за човек како Др. Наумов, тешко се избираат адекватни зборови да се каже неговата големина. Прангоски истакна дека Др Наумов е личност кој ги достигнал највисоките дострели што може човек да ги постигне во текот на неговиот живот.
Утешни зборови за делото на Др. Никола Наумов кажаа и вработените во одделението за хирургија при општата болница во Охрид, чиј што основоположник бил токму тој. Др Никола Симоноски од ова одделение рече дека за врвен хирург како што тоа беше Др. Наумов може многу да се зборува, но неговата борба за прифаќање на хирургијата како гранка во целост била од исклучителна важност.
Д-р Никола Наумов, почина на 23-ти април по кратко и тешко боледување. Тој ја извршуваше функцијата градоначалник на општина Охрид во периодот од 2000 до 2005 година. Во својот професионален ангажман беше раководител на хируршкото одделение при општата болница во Охрид и беше еден од основоположниците на хирургијата во Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град