Со „Трилогија Романа“ ќе биде отворено 51 издание на Охридско лето

Мултимедијалниот спектакл  „Трилогија Романа“, кој по изведбата во Валенсија и Рим премиерно ќе се прикажува во Охрид е спој на музика, аудио и визуелни ефекти, кои ја доловуваат атмосферата на древниот Рим.

 |  Татјана Маленкова  | 
Ohridsko leto
Охридско лето

Trilogija RomanaСо мултимедијалниот спектакл  „Трилогија Романа“ од Оторино Респиги, најавуван како вистински спектакл без ниту еден актер на сцена, со невидени светлечки ефекти и сценографија пропратени со музиката која ќе ја изведува оркестарот на Македонската филхармонија утревечер ќе се отвори  51 издание на фестивалот „Охридско лето“. „Ако за некоја институција може да се каже дека е прозорец на сцетот и прозорец кон светот тогаш тоа е фестивалот Охридско лето. Годинава за фестивалот подготвивме нови програмски изненадувања достојни за реномето на охридско лето. Концепот на годинешниов фестивал во целост се разликува од минатогодишниот и со право ова издание може да го наречеме фестивал на нови имиња“, истакна музичкиот селектор на Охридско лето Гордана Јосифоска Неделковска.

Мултимедијалниот спектакл  „Трилогија Романа“, кој по изведбата во Валенсија и Рим премиерно ќе се прикажува во Охрид е спој на музика, аудио и визуелни ефекти, кои ја доловуваат атмосферата на древниот Рим. Дел од проектот ќе биде и  Македонската филхармонија, со која ќе диригира познатиот Андреас Вејзер од Германија. Маестро Вејзер е задоволен  од подготвителните работи со мекедонската филхармонија и покрај тоа што како што вели делото кое ќе го изведат е многу тешко.

Оркестарот е исклучително подготвен иако се работи за една тешка музичка програма. Музичарите се навистина упорни и затоа се надевам дека ќе успееме да се претставиме во најдобро светло. Делото кое ќе изведеме е составено од три дела Римските свечености, Фонтаните на Рим и Боровите на Рим. Имаме навистина интересни  сцени кои заедно со музиката  му даваат исклучителна уникатност на самата изведба“, истакна диригентот Андеас Вејзер.

За ефектите на сцената е задолжена техничка екипа со која ќе раководи Давид Пасквал. „Кога ни го зададоа проектот знаевме дека истиот се однесува на градот Рим. сакавме да направиме разгледница, бидејќи музиката е домимантна свативме дека тоа треба да биде духовен водич на делото“, објаснува Пасквал.

Pres Ohridsko leto„На сцената на Античкито театар ќе биде поставена рампа со два екрани. Оркестарот ќе биде практично помеѓу двата екрани, а ќе има видео проекции и на предниот и на задниот екран. Публиката ќе го гледа најпрвин  предениот екран односно платното иако  на моменти во текот на изведбата преку него, ќе може да го види  и оркестарот. Во текот на изведбата предното платно ќе се крене и ќе може да го гледаме оркестарот како свири. На предното платно планирано ќе одат проекции на вода и оган, а на задниот екран ќе се прикажуваат  слики на сите делови од „Трилогија Романа“, истакна Пасквал.

Главен виновник за спекталот по повод отворањето на охридско лето ќе биде продукциската  компанија „Ла Фура делс Баус“ од Шпанија, истите оние кои во 1992 година ја организраа церемонијата за отварање на Летните олимписки игри во Барселона.

Компанијата  „Ла фура дел Баус“ е основанаво 1979 година. Во 2011 година оваа компанија премиерно изведе седум нови оперски дела, а во исто време успеа да заживее четири стари опери. Покрај во Охрид ќе има свои настапи и во Дубаи, Исланд и Кореа.

На отварањето на фестивалот Охридско лето утревечер ќе бидат присутни и претседателите на Албанија, Косово и Црна Гора, Бамир Топи, Атифете Јахјага и Филип Вујановиќ. Свеченото отворање ќе биде во 21,00 часот на сцената на Античкиот тетар.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top