Кој сака да лови во матно?!

Советот за радиодифузија ќе поднесе кривична пријава против Јавното претпријатие Службен весник и против неговото одговорно лице, поради тоа што одбиле да ги објават подзаконските акти за регулирање на медиумското покривање на изборите.

 |   | 
SRD
СРД

ЈП Службен весник создаде вакуум период во медиумската регулација, кој негативно влијаеше врз функционирањето на СРД и електронските медиуми во време на изборен процес. Со ова не е испочитуван Изборниот законик, кој налага СРД да донесе Правилник за однесувањето на радиодифузерите во периодот од распишувањето на изборите до почетокот на изборната кампања и Правилник за рамноправен пристап за време на изборна кампања. СРД правилниците ги усвои во законскиот рок, согласно членовите 75 и 206 од Изборниот законик, а Државната изборна комисија (ДИК) одби да даде мислење за нив. Се наметнува прашањето зошто работите кочат. Дали сите сакаат да се реши овој предизборен медиумски хаос само на збор, а не и во реалност? На кој тоа му одговара и понатаму да се продолжи со ловот во матно?

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top