Универзитетот „Св. Апостол Павле“ доби пофалби и од Груевски

Иако со задоцнување, и Македонија полека го фаќа чекорот во информатичката индустрија. Сериозни кадри започна да произведува и охридскиот Универзитет за информатички науки и технологии, „Свети Апостол Павле“. При последната посета на Охрид, Премиерот искажа само пофални зборови за работата на факултетот.

 |  Мишел Наумовски  | 
univerzitet Sv Apostol Pavle
Универзитетот „Св. Апостол Павле“

univerzitet Sv Apostol PavleИнформатичката технологија е една од најразвиените индустриски гранки во светот. Иако по навика кај нас работите се случуваат со задоцнување, сепак може да се рече дека полека но сигурно фаќаме чекор со технолошкиот напредок, пред се од информатичката технологија. Македонија произведува нови и одлично образовани кадри, од кои дел излегуваат и од Охридскиот универзитет за информатички науки и технологии, „Св.Апостол Павле“. Во последната своја посета на градов, премиерот Груевски се запозна поблиску со функционирањето на овој факултет, и искажа само пофални зборови за неговата успешност.

„Овде во Охрид имав можност да го посетам и универзитетот за Информатички науки и технологии, „Свети Апостол Павле“, и накратко да ги разгледам просториите, да се запознаам со дел од професорите и работењето на универзитетот. Тоа е млад универзитет. Ова е втора, наскоро ќе почне и третата година од неговото работење. Универзитет каде што предавањата се на англиски  јазик, каде има професори од многу држави во светот.“-вели Премиерот Груевски

Универзитетот „Свети Апостол Павле“ е привремено сместен во просториите на Домот на АРМ, а паралелно користи и предавални од Факултетот за туризам и угостителство. Поради недостиг на простор, сепак овој универзитет треба да се пресели во охридската касарна, која ќе се адаптира за потребите на факултетот.

„Тој е сместен во центарот на градот иако во привремени сепак добро опремени простории. Она што знам е дека наскоро некаде во месец јуни ќе започне реконструкцијата и адаптацијата на касарните во Охрид каде треба да биде трајното сместување на овој универзитет. Со оглед дека во овие простории нема доволно простор и затоа велам тие се привремени. Доколку се биде во ред, би требало до Јануари-Февруари да заврши, да завршат градежните работи за реновирање и адаптација на касарните во Охрид.“-додаде Груевски

Дали два факултета за информатички науки и технологии се многу или малку? Дали Македонија има доволно голем пазар за информатичка технологија, индустриска гранка која е една од најразвиените во светот? Ова се прашања за кои јавноста ќе треба сама да пресуди.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top