Охридските матуранти, идни студенти, имаа можност да се запознаат со студиските програми на новоформираниот Факултет за информатички науки и компјутерско инженерество, популарно познат како ФИНКИ. Доцент Доктор Анастас Мишев од овој факултет, истакна дека ова е најмладиот факултет, при најстариот универзитет кај нас, универзитетот Св. Кирил и Методиј. Мишев Потенцира дека, ФИНКИ претставува една нова високо образовна институција која ги спои досегашниве две информатички катедри и тоа, онаа на Природно-математичкиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии. Ова е позитивна насока која самите ИТ професори ја бараат последните 10 години. Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерество како самостојна образовна институција ќе започне со работа од септември 2011 година.
„Со овој чекор се надеваме дека тоа ќе се подигне на едно уште повисоко ниво, во тој факултет, каде студентите со помош на најдобриот наставен кадар и најсовремените методи ќе може да се запознаат со индорматиката“, вели Мишев.
Бидејќи станува збор за нова високо образовна институција, потребна е нејзина промоција пред идните студенти во државата, вели Мишев. Поради тоа професорите од овој, моментално најголем ИТ ориентиран технолошки факултет, интензивно работат на промоцијата на неговатите студиски програми низ средните училишта ширум земјава. Воедно ова ќе биде факултет со најголема квота од над 800 студенти.
„Промоцијата е во тек еден месец. Пред две недели беше првиот отворен ден, додека вториот отворен ден, ќе биде овој четврток, во просториите на ФИНКИ“, велат оттаму.
Од ФИНКИ велат дека не се плашат од конкуренцијата. „Нашата идеја е да бидеме лидери во државата, а и пошироко, со оглед на квалитетот на кадрите како и потенцијалите на нашите наставни програми“, оптимист е Мишев. Исто така со гордост можеме да кажеме дека голем дел од кадарот е од Охрид, додава тој. Основни симболи од кои се состои логото на факултетот се броевите 1 и 0, кои директно посочуваат на бинарни броеви, како основа на секој компјутерски систем. Воедно, 1 и 0 можат да се гледаат како еден број – 10 (десет) како највисока оценка во образованието.Поради формата на двата елементи, броевите 1 и 0 можат да се гледаат и како латинични букви „И“ и „О“ кои со себе носат дополнителна асоцијација на термините Input/Output кои директно асоцираат на пренесување на знаења и нивно ширење вон Факултетот, или пак Информатичко Образование, како негова носечка дејност.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град