Ако по утрото, денот се познава, летово не чека туристичка сезона како во старите добри времиња, кога ни доаѓаа и по стотина илјади туристи. Хотелските капацитети исполнети до максимум. Во структура на гости во која доминираат нашите соседи безразлика православни или католици, сите го посетија Охрид и тука го прославуваат Велигден. „Балканскиот Ерусалим“ нарекуван од многумина, Охрид во моментов работи максимално. Од хотели, ресторани, кафетерии, туристите уште од раните утрински часови поседнати по кафулињата го пијат првото кафе крај охридската ривиера.
Хотелиерите максимално задоволни од бројот на гостите. Некои со посебни Велигденски аранжмани, а некои без нив. Во секој случај најголемиот број од хотелите во градов исполнети до последно место. Гостите како и секогаш најчесто доаѓаат од нашите соседни земји. Доминира присуството на Грците, но и Бугарите и Србите се во задоволителен број. Има гости и од Романија, Косово, Црна Гора, Италија па дури и од егзотичниот Бразил. Единствено помала посетеност има од домашните гости, но од хотелите ни велат дека букирани се до максимум, имале побарувачка и од домашни гости, но едноставно, капацитетите им се исполнети, па немале место за домашните туристи.
Дали Охрид добива посебен шарм за Велигден, дали тука гостите го наоѓаат мирот кој сите го бараат за големиот христијански празник? Сепак важно е што луѓе од најразлични држави дошле тука, а не на некое друго место. А доколку Велигденската гужва во градов ни ја наговестува што ќе се случува ова лето, тогаш не чека одлична летна туристичка сезона.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град