Македонија, за жал ни по 20 години самостојност нема изградено старатегија за развој на туризмот.. Сопственикот на хотелот Славија Спектар , Зоре Темелкоски, со своите визии за развој на туризмот вели последен момент е кога треба конечно да се изработи стратегија на национално ниво. Темелкоски препорачува во нејзината изработка да се вклучат Факлутетот за туризам, Факултетот за економија и стопанствениците, а не поединци кои ќе се промовираат себе си дека се експерти. Таа треба да биде промовирана како генерална стртегија во светот, од неа да нема отстапувања туку постојано да се надоградува, нагласува Темелкоски.
„Мина времето на магаре туризам, доаѓа ерата на културниот туризам. Ние треба да се вклопиме во новото време на интернет комуникации, на туризмот во 21 век.“ Темелкоски смета дека Охрид со своите убавини и капацитети го заслужува елитниот туризам. „На охридскиот брег има место и за масовниот туризам и за диџеј туризмот ама надвор од градот, во Градиште и Љубаништа, укажува Темелкоски“.
За очекувањата од сезоната Лето 2011 ,Темелкоски ќе рече дека нема платформа и физибилити студија на која бизнисмените можат да се потпрат, па од таму и не може да планираат и да очекуваат резултати.
„Кризата лани се почувствува, имаше пад, се компарираа години, се врати Ју- носталгијата
како било некогаш , но објективно мислам дека имаме нагорен тренд, вели Темелкоски“. Македонија како културна дестинација е препорачана како 5 дестинација во светот, и е случајно поклопување со светскиот и европскиот тренд. Македонија, никако не смее да остави на случајности за да се вклопува во светската стратегија на туризмот. Мора да сфатиме дека со Охрид и езерото поседуваме ретки природни убавини и богато културно наследство. Со сето тоа Охрид заслужува да развива елитен туризам, истакнува Темелкоски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град