Дали “економско“ ќе се дели од гимназијата “Св. Климент Охридски “

Иницијативата на Локалната самоуправа за одделување на економскиот смер од гимназијата “Св. Климент Охридски“ и формирање на ново средно училиште.

 |  Татјана Маленкова  | 
Ekonomsko
eкономско

Иницијативата на Локалната самоуправа за одделување на економскиот смер од охридската гимназија. Оваа иницијатива уште пред една година беше усвоена од советниците, сега за реализирање на истата се чека само одобрение од Минисетрството за образование. „Економското училиште одамна требаше да биде посебен правен субјект. Со тоа учениците и со завршено средно училиште би биле спремни како кадар“, вели градоначалникот Александар Петрески и додава:

„ Ние ги имаме донесено сите потребни одлуки на седниците на Советот на Општина Охрид и сега чекаме на согласност од Министерството за образование. За жал, како во се друго за Охрид така и овде, централната власт повторно ни прави сопки. Треба или да добиеме ингеренции или да го смениме министерот, друго чаре немаме. Ние сме подготвени уште во септември, ако добиеме согласност, училиштето да го поделиме на два посебни правни субјекти“.

И директорот на општинското средно училиште “Св. Климент Охридски“, Наум Рилковски, се сложува дека идејата за делење на училиштето е добра и максимално ја подржува. Вели дека во тој случај учениците би постигнувале многу подобри резултати.

Со новиот концепт на средното стручно образование, кој години наназад го спроведува Министерството за образование, во интерес на учениците и градот е Економското училиште да биде посебен правен субјект. Причини, зошто Локалната самоуправа се одлучи за ваква постапка, има многу – вели градоначалникот. Тој додава дека сега, како што е конципирано гимназиското образование од една и стручното образование од друга страна, има блокирање на развојните можности на економското училиштето. Спротивно на ова, со одделувањето многукратно ќе се зголемат развојните можности и перспективи за училиштето да одговори на развојните економски потреби на градот.

Кога економското училиште би било посебен правен субјект, менеџерскиот тим  ќе може самостојно да воведува нови струки и профили според реалните потреби на пазарот на трудот, за да имаме можност за поголема флексибилност и развој според потребите.

Штом ресорното министерство даде зелено светло, следен чекор ќе биде изборот на Училишен одбор и назначување на директор на новиот правен субјект.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top