Велигден, некогаш и сега

Христијаните се во исчекување на празникот над празниците, Велигден.

 |  Валентина Нелоска  | 
obicai
обичаи

LazaraПравославните христијани се во исчекување на празникот над празниците, Велигден. Верските празнувања поврзани со Велигден не се забораваат, но за жал исчезнуваат некои поранешни обичаи и празнувања. Пред празнувањето на најголемиот христијански празник Велигден во минатото со голема радост се празнувале повеќе верски празници. Меѓу нив е  Лазарева сабота кој секогаш се слави на една недела пред Велигден. Во  календарот на православната црква овој празник  се поврзува со воскреснувањето на Лазар. Исто така, овој ден се поврзува со периодот на премин од детството кон моминството кога се означувала подготвеноста девојките  за мажење.  Празнувањето на Лазарова сабота некогаш било пропратено со ритуали кои денес полека изумираат и  не се празнуваат како некогаш.

LazaraДенес Лазарова сабота се слави само како именден и многу ретко во некои рурални средини со некогашните ритуали. Во минатото било вообичаено група од 10 –до 16 млади девојчина  да ги предводи  девојка облечена  во невестинско руво, со бел фустан и вел, или пак во народна носија. Тие со кошнички в рака оделе во домовите на младите ергени и девојки стасани за мажање и женење и им пееле песни. Сите врати биле отворени за Лазарките. По испеаната песна давале благослов на домот и биле дарувани од домаќините  и тоа најчесто со јајца и пари. Песната во зависност дали се пее во домот на девојка или момче гласела:  Ој, Лазаре, Лазаре овде има мома за мажење, или пак, ако имало  момче, овде има  јунак за женење, дај боже да ги свршиме, за Ѓурѓовден збор да дајме, за Велигден да ја мажиме.

Лазарките најпрво оделе во црковниот храм на литургија, или по охридски, в црков. Обичај било сите да ја даруваат првата невеста. Па така Лазарките од рани зори брзале која група  прв ќе стаса  в црква да заземе место до олтарот за да биде дарувана  од сите верници. Дури потоа се одело од куќа на куќа.  Лазарите биле дочекувани со посебна чест и пречекувани од сите, затоа што сите добивале молитва. Лазаре на  свечен начин се одблежувал и во  училиште. Сите ученици машки или женски било обичај да се накитат со панделки. Сите одделенија заминувале  на излет во Студенчишта. Збирно место од каде што тргнувале било Житното пазариште, на плоштадот, па се до Студенчишта ја пееле песната „Општо воскресение“. Традиција било на Лазаре и на Цветници  децата да бидат облечени во најубавата  и најновата облека. За Велигден пак, се започнувало со шест неделните пости. Секоја куќа во изобилство имала ореви, полни амбари, па постарите велат ни беше лесно да постиме. Секој ден мајките  правеле питулици со ореви, па дури се јаделе и ореви со леб, кои заситувале. Се причестувале сите во семејството од најмало  до најстаро.

vapsani jajcaЗа Велигден се вапцувале само црвени јајца, а се започнувало пред зори на Величетврток. За вапсување се употребувал бакам.Јајцата се давале најчесто со поздравот „Хрисос воскресе“, „Вистина воскресе“. Во триесетите години од минатиот век Велигден се празнувал три дена и тоа биле неработни денови. Велипеток бил најголемиот тежок празник кога било Христовото погребение. Постарите постеле, ни јаделе  ни пиеле вода. На Величетврток било распетието Христово, се ангажирал и вод од војници  кои биле покрај распетието во вид на почесна стража. Обичај било верниците да  поминат под распетието. На Велјасабота пак, се правеле подгвотовките за Воскресението. Спроти Велигден црквите биле полни со народ во раните утрински часови со црвено јајце во редици се чекало свештениците да го објават Христовото  Воскресение, по што следувало радосно кршење со јајца. Од црква се доаѓало дома и по седумнеделните пости на трпезата имало месо и тоа најчесто јагнешко. Семејствата на овој ден меѓусебно  се посетувале и се дарувале со црвени јајца, а се правеле и многу народни свечености со песни и ора.

praznuvanje na VeligdenМногу од Велигденските обичаи традиционално се применуваат и денес, но некој и се менуваат. Сепак радоста во срцата на верниците кон најголемиот христијански празник Велигден и Христовото Воскресение е иста.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top