Стигна помош за Митреви

Солзи радосници светнаа на нивните лица. Тие веќе не се сомневаат дека постојат хумани луѓе во вистинска смисла на зборот. Велигденските празници тие достојно ќе ги дочекаат.

 |  Билјана Николоска  | 
humanitarna pomosh
хуманитарна помош

Велигденски празници со полна трпеза. Со солзи радосници фамилијата Митреви ја дочека хуманитерната помош на охридската компанија Гир Риг. За ова семејство, ТВМ сериозно се нафати, прикажувајќи ја нивната слика на живот во неколку наврати, со цел да ги поттикне сите хумани луѓе во Охрид, да бидат дел од обезбедувањето на подобро утре на едно 5 члено семејство, кое со сите сили се бори со тешкиот и сиромашен живот. Претседателот на Црвениот Крст, Сашо Точков, вели добро е сите кои се во можност да го следат овој пример, како би се подигнала општествената одговорност, посебно кон ранливите категории на луѓе. Тој додаде дека еден ваков гест треба да прерасне во традиција, а не само  помош за празници.

Помошта стигна во вистински раце. Најрадосни беа членовите на семејството, заедно со сопственикот на куќата, Стојан Спироски, кој во овие најтешки денови срдечно им ја отвори портата на својот дом. Аце Митрев и овој пат не испушти да се заблагодари на иницијаторите и донаторите на помошта.

humanitarna pomoshСпироски Стојан, сопственикот на куќата во која се сместени Митреви, кога пристигна пикапот на Гир Риг, се прекрсти и пролеа солзи радосници. Тој рече дека после толку години животно искуство, прв пат гледа едно големо хумано дело и му порача на градоначалникот и тој да направи нешто.

После овие пораки, време е градоначалникот на Охрид, да погледне уште еднаш колку значи една скромна трпеза за три деца, која ги натера да се насмевнат. Исто така Петрески, може да погледне и во рацете на Аце Митрев, кој го моли, како и во неговата душа, која и покрај сопствената мака, се помоли за Велигден за сите нас, а посебно за градоначалникот.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top