Рускиот гас од Јужен поток сепак ќе потече и низ Македонија

Македонија нема да биде тринаесетто прасе во проектот „Јужен поток“. Ваква потврда на премиерот Груевски му даде и министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров на неодамнешната посета во нашиот град.

 |  Мишел Наумоски  | 
Lavrov i Gruevski
Лавров и Груевски

Македонија нема да биде тринаесетто прасе во проектот „Јужен поток“. Ваква потврда на премиерот Груевски му даде и министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров на неодамнешната посета во нашиот град. Соработката меѓу двете земји уште повеќе ќе се интензивирала посебно во делот на енергетиката и економијата.

Gruevski i LavrovИнтензивна соработка беше најавена на неодамнешната средба помеѓу премиерот Груевски и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. На средбата, најголемо внимание било посветено на економските прашања, со посебен акцент на темите од енергетиката. Дел од дискусијата бил насочен и кон долгоочекуваниот проект „Јужен поток“. Со овој проект, земјава треба да биде поврзана во мрежата на огромниот гасовод кој ќе дистрибуира руски гас до централноевропските земји и до Италија. Овој проект се очекува да биде завршен во 2015 година.

„Има позитивен тренд, посебно откако руската компанија „Газпром“ објави дека Македонија ќе биде вклучена во гасоводот наречен „Јужен поток“ и во тој дел сега понатамошните процедури во кои очекуваме да се склучат одредени договори.“-рече Премиерот Груевски

Се разговарало и за можни договори за слободна трговија помеѓу двете земји, а во завршна фаза се наоѓал и договорот за пријателство и соработка кој би требало да биде потпишан во втората половина од 2011 година.

„Импулс на соработката даде и договорот помеѓу Македонија и Русија за исплата на клириншкиот долг, која што исплата ќе биде преку изведување на градежните зафати за изградба на гасната инфраструктура односно цевките за дистрибуција на гас во различни делови на Македонија кои очекуваме да започнат на крајот на оваа или почетокот на следната година, затоа што во моментот се работи на проектите за кои што се исто ангажирани меѓународни компании.“-додава Груевски

Премиерот Груевски додаде дека договорите од најразлични области кои се очекува да се склучат треба да им помогнат на граѓаните на двете држави и на самите држави да остварат што подобри релации за подобра соработка, за која се надеваат понатаму ќе резултира со многу конкретни работи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top