Во Струга започна изградбата на нови училници во Гимназијата Ибраим Темо, со што ќе се реши просторниот проблем со кој години наназад се соочуваше ова средно училиште. Договорот помеѓу изведувачот, инвеститорот и училиштетот се потпишани.Со проектот е предвидено да бидат изградени шест нови училници.
„ Беше тешко, посебно во три дена во неделата кога имавме изборни предмети. Тогаш оние деца кои ќе беа на физичко, останатите ги користа нивните училници“, вели директор на гимназија Ибраим Темо, Урим Крка.
На средишниот дел на зградата ќе биде направена надградба, додека во задниот дел ќе има нов дел каде ќе бидат сместени дел од училниците најави директорот Урим Крка. „Се соочувавме со сериозни проблеми, бидејќи просторот ни беше лимитиран“. Се снаоѓавме како знаевме и умеевме. Но издржавме и конечно го дочекавме денот кога просторниот проблем ќе се реши во најголем дел“,додаде Крка.
„ Да беше училиште ќе беше подобро, но и ова е добро бидејќи колку толку ќе се намалат проблемите но и ова што сега ќе го добиеме ќе ги задоволи потрбите“, вели Крка.
Во Ибраим Темо учат 1700 ученици. Вредноста на проектот чиј што финансиер е Министерството за образование изнесува девет и пол милиони денари, а рокот на завршување на градежните активност е три месеци.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град