Јагнешкото месо кое традиционално го има на трпезите за Велигденските празници достигна фантастични 420 денари за килограм. Неговата малопродажна цена од ден на ден се зголемува, а само пред една недела можеше да се набави по цена од 360 до 380 денари. На пазарот покрај јагнешкото месо се продаваат бели и црни дробчиња по цена од 170 денари, јагнешки глави за 60 денари, а шкембето се продава по 120 денри. На пазарот се чувствува недостиг од јагнешко, а побарувачката од страна на граѓаните расне, нагласуваат трговците.
Високата цена на јагнешкото месо трговците ја правдаат со извозот на македонското јагне на италијанскиот, хрватскиот и грчкиот пазар.
Граѓаните пак, револтирани од високите цени не сакаат јавно да коментираат пред камера за изгор цените. Зад фото објективот на камерата велат срамно е што трговците сакаат да заработат на сметка на големиот православен празник не само на месот туку и на зеленчукот. Граѓаните сепак се подготвуваат за велигденските празници кој колку може.
Зелениот пазар е добро снабден и може да се купи се. Но, вртоглаво високи цени за просечниот стандард на граѓаните не достигна само месото туку и раноградинарскиот зеленчук. Така килограм брокула се продава по 200 денари, карфилот 150 денари, а младиот компир се нуди од 100 до 120 денари. Морковот достигна цена од 70 денари за килограм. На пазарот ги има и охридските рани јагоди по цена од 200 денари за половина килограм.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град