„Рамиз Мерко е производ на Бранко Црвенковски!“ велат струшките вмровци

Остра и брза реакција на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, на вчерашната прес конференција на струшкиот огранок на СДСМ.

 |  Крсте Голабовски  | 
pres vmro-dpmne-struga
прес ВМРО-ДПМНЕ Струга

pres vmro-dpmne-strugaОва беше кажано во експресната реакција на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, а во врска вчерашните обвинувања од страна струшкиот огранок на СДСМ. „Нема никаков таен договор, ни скриени намери помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“, вели Надица Николовска претседателканата на О.К НА ВМРО од Струга. Лицемерието е заштитен знак на СДСМ, додава таа.

„Времето ќе покаже дека ваквата наша одлука и активностите кои во иднина ќе ги превземеме, ќе се само во интерес на граѓаните на Струга. НА последната седница на Советот на Општина Струга, покажавте дека вашата соработка со струшкиот градоначалник никогаш не била прекината, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ од Струга.

Николовска обвини дека „За разлика од вас додека бевте во коалиција, во најтешкиот период за Струга и стружани и немо ги посматравте случувањата, ВМРО-ДПМНЕ имаше и сила и доблест да ја напушти коалицијата и да се спротивстави на активностите кои не се во интерес на Струга и стружани“, додаде Николовска. А единствена причина поради која ја напуштаат локалната коалиција само со Рамиз Мерко е последица од неможноста за воспостување конструктивен и продуктивен дијалог, потенцираат од струшката ВМРО.

„Причина за излегувањето од коалицијата е нереализирањето на неколку проекти. Чашата ја прели статутот на Општина Струга, која е единствената општина, која работи без статут, а ВМРО-ДПМНЕ е партија која ќе работи строго со почитѕување на уставот и законските прописи на РМ“, потенцираат од партијата.

Николовска истакна и дека и покрај тоа што досега биле во коалиција со Рамиз Мерко, биле најголемите критичари на неговото работење, како во советот на општината, така и во јавноста. На крај на обраќањето, раководството на ВМРО-ДПМНЕ од Струга на сите припадници на христијанската Вероисповест им ги честитаа велогденските празници.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top