Пуштена во употреба вештачката карпа. Станува збор за спортски реквизит кој во голема мерка ќе помогне за подобрување на активностите во делот на подготвеност и дејствување при катастрофи. Тука Црвен крст Охрид ќе може да продолжи со континуираната обука и надградување на знаењата на членовите на Единиците за спасување на планина и непристапни терени. Впечатоците крајно позитивни.
Прeтеседателот на О.О. на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точко, истакна дека овој спретски реквизит, а воедно и целата мала сала која е ставена во функција ќе претставува привлечна сила за голем број млади луѓе од Охрид и пошироко, кои ќе може да се обучуваат, во спортски техники за качување, алпинизам и спасување, но и да го развиваат духот на хуманоста и спортскиот дух.
Вештачка карпа е поставена во СРЦ „Атина Бојаџи“, на иницијатива на Црвениот крст од Охрид, со несебична помош од Локалната самоуправа, Леснина од Скопје и ЈП „Биљанини извори“. Градоначалникот Александар Петрески потенцира дека станува збор за многу важен спортски реквизит, кој ќе ги привлече младите луѓе да видат за каков вид спорт станува збор.
Инаку станува збор за единствена вештачка карпа карпа за алпинизам и спасување во поширокиов регион, за чие поставување добредојдена беше и помошта на Алпинистичкиот клуб “Патагонија” од Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град