Откако општината на 23 Март објави јавен повик за финансирање на проекти од областа на туризмот и локалниот економски развој, приватните станоиздавачи пројавиле најголем интерес за општинските средства. Покрај финансиската помош од општината, за најголем бенефит од ваквите активности, од секторот за туризам и локален економски развој го сметаат практичното искуство кое ќе го стекнат апликантите при изработката на ваквите проекти. На денешната консултативна средба се разговараше за условите за аплицирање.
„Оваа средба беше со цел да се поедностават или разјаснат процедурите за подготовка на самите проектни апликации, а воедно и да се одговори на сите оние прашања кои што ги интересираат потенцијалните апликанти. Секако имаме доста време до 30ти Мај, односно апликантите имаат време да ги подготват проектите, меѓутоа ние сме цело време во слуѓба на заинтересираните страни и покрај ваквите консултативни средби ние понатаму отворени за сите заинтересирани лица за понатамошното дообјаснување на самите методологии на пријавувањето.“-вели Ѓоко Апостолоски-Сектор ТЛЕР-Општина Охрид
Општината за оваа намена издвои средства во висина од 2.7 милиони денари или максимален износ од 200. 000 денари за еден проект. Апликантите во проектот треба да учествуваат со најмалку 20% од целокупната вредност на проектот, додека максималната сума од 200.000 денари по проект треба да биде најмногу 50% од вкупната вредност на проектот.
„Се надеваме дека на овој начин ќе ги стимулираме и ќе им помогнеме на оние кои што имаат навистина потреба нормално интересот е голема, а можностите за финансирање се сепак ограничени, меѓутоа ние имаме како и за сите други проектни активности формирано комисии кои ќе вршат евалуации и на самите проекти и предлози и на сместувачките капацитети кога веќе зборуваме за нив, за да се одбере кои од нив навистина имаат најголема потреба за да бидат финансирани.“
Од Секторот за ТЛЕР велат дека со реализацијата на ваквите проекти апликантите без разлика дали се поединци или организации, ќе се стекнат со поголемо искуство при изработката на проекти со што ќе си обезбедат бекграунд и ќе можат полесно да аплицираат за добивање средства не само од општината туку и од европските фондови.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град