Заврши последната фаза од акцијата со која се чистеше езерото од неексплодирани убојни средства. „Акцијата траеше 35 дене и сметам дека истата ја завршивме максимално успешно“, вели директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу.
При чистењето на езерото од неексплодирани убојни средства извадени се околу 8,6 неексплодирани убојни средства од прва и втора светска војна.
„ Вкупно од првата и втората акција беа извадени 15, 9 тони неексплодирани убојни средства. Ова што го направивме е извонредна акција која е добра за Охрид, Македонија и пошироко, затоа што Охрид во лето го посетуваат луѓе од секаде“, вели директор на дирекција за заштита и спасување Шабан Салиу.
Донатори на проектот за чистење на езерото од неексплодирани убојни средства се САД. Тој е изработен од дирекцијата за заштита и спасување во соработка со организацијата која работи на деминирање на убојни средства – АЈТИЕФ од Словенија. Заменик директор на меѓународниот фонд за деминирање од АЈТИЕФ Горан Гачник истакнува дека соработката помеѓу меѓународниот фонд и македонската влада започнала во 2006 год.
Сознанијата велат дека на Струшкиот дел сеуште има неексплодирани убојни средства кои чекаат подобри времиња за да бидат извадени.
„ Да, и на Струшкиот дел од езерото истотака откриени се неексплодирани убојни средства. Мислам дека доколку ни помогнат донаторите би продолжиле со акцијата за чистење на охридското езерото и на струшка страна“, вели Салиу.
Во втората акција за целосно чистење на езерото од неексплодираните убојни средства беа применети нови методи – детектори, кои го детектираа металот Неексплодираните Убојни Средства закопан во муљот на поголеми длабочини.
Покрај нив годинава на располагање специјаните тимови имаа и пумпи, така наречена смукалки, со која ќе се шмукаше муљта, за полесно да се дојде до неексплодираните убојни средства.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град