ОО на СДСМ на тема – Здравството во Охрид

Љупка Иваноска, портпаролот на СДСМ, укажа на сите, според неа, негативни случувања во здравството во Охрид, во период на владеење на ВМРО – ДПМНЕ на чело со премиерот Никола Груевски.

 |  Билјана Николоска  | 
SDSM
СДСМ

pres sdsmЗдравството во Охрид пропаѓа. Болницата „Св. Еразмо“, нова мета за уништување. Овие обвинувања ги изнесоа денес охридските социјалдемократи. Тие  излегоа со ретроспектива, на се она што според нив им се случува на здравствените установи во општината. При тоа, портпаролот Љупка Иваноска, потсети на тоа, кој е според нив виновникот за пропаѓањето на Специјалната детска болница.

„Во август месец 2007 година,Владата на Никола Груевски ја затвори Специјалната детска болница во Охрид, која беше единствена од ваков вид во Македонија и во која се лекуваа деца не само од нашата,туку и од сите соседни држави. Планираа да градат хотели од висока категорија,но и тука нешто не им излезе математиката,најверојатно со провизиите,па така,денес овој објект,сместен на најубавиот дел од Охридското крајбрежје,е вистинска руина за снимање хорор филмови и вистински срам за единствениот туристички центар во државата“

Иваноска остро ја критикуваше и сегашната состојба со општата болница во Охрид, која е во изградба, и јавно запраша, каде да се лекуваат охриѓани додека истата не е готова. Но, не испушти да го спомене и неодамнешниот немил настан во специјалната болница „Св. Еразмо.

Од СДСМ ја кажаа и новата дефиниција на ВМРО – ДПМНЕ за демократијата. Исто така, изнесоа и  материјални докази за некакви наводни списоци на гласачи за ВМРО-ДПМНЕ, кои кружат во дел од охридските институции.

Од СДСМ за крај порачаа, ВМРО – ДПМНЕ да ја очекува народната казна на незадоволниот македонски народ, бидејќи според нив, се може да се купи, освен душата на граѓанинот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top